Без задолжување од 2015., согласно нацрт-буџетот на Германија

Од:

Германската Влада го усвои нацрт-буџетот за следната година, со кој е предвидено обемот на дополнителното задолжување значително да се намали и целосно да биде запрено во 2015 година.

Министерот за финансии Волфганг Шојбле изјави дека ова е силен сигнал за остатокот од Европа, која се зафатена од должничка криза.

Со нацртот е предвиден структурно урамнотежен буџет за следната година со задолжување од 6,4 милијарди евра, што е значитлено помалку од 17,1 милијарда евра предвидени за оваа година.

Позајмувањето пари на финансиските пазари ќе биде целосно стопирано во 2015 година, што е една година порано од првичниот план.

Јавната потрошувачка следната година ќе биде намалена на 296,9 милијади евра, што е за 1,7 отсто помалку во споредба со овогодишните 302 милијарди евра.

Коалицијата на десниот центар, која ја предводи канцеларката Ангела Меркал врши притисок на останатите земји од еврозоната да ги намалат буџетските дефицити и вкупните долгови и напоменува дека самата со своите постапки дава пример.

За разлика од повеќето земји на еврозоната, стопанството на Германија константно бележи раст изминатите години, а државата остварува стабилни даночни приходи.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија