Без сезонски работници, на Германија и се заканува недостиг од овошје и зеленчук

Од:

На Германија и се заканува недостиг од овошје и зеленчук поради забраната за влез на сезонски работници, а германското Министерство за земјоделство соопшти дека бара начин како на работниците од источниот дел на Европа да им се дозволи да дојдат на работа во земјата.

„Ние не можеме без сезонските работници. Водам разговори со министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер за да најдеме решение за овој проблем“, истакна германската министерка за земјоделство, Јулија Кликнер.

Зехофер минатата недела, согласно мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус, забрани влез во Германија за сезонските работници од источниот дел на Европа, пред се од Романија, Бугарија и Полска.

Министерката објасни дека разговарала со Зехофер во врска со „усогласување на целите“ за заштита на населението од зараза, од една страна, и обезбедување на бербата, од друга страна.

Таа истакна дека во наоѓањето решение е вклучен и епидемиолошкиот Институт „Роберт Кох“, со цел да се осигура дека сезонските работници не придонесуваат за ширење на заразата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Мерц му фалеа шест гласа, не стана германски канцелар

Катерина Ѓуровски

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

Захарова ја обвини Германија за русофобија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц