Бесплатна линија за поддршка на тутунопроизводители во општина Кривогаштани

Од:

Во општина Кривогаштани започна да функционира линија за поддршка на тутунопроизводителите и работниците во состав на канцеларијата за поддршка на земјоделците преку Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Линијата е наменета за земјоделците од општина.

Овој проект се реализира со поддршка на Филип Морис,чиј генерален директор за Македонија беше присутен на отворањето на канцеларијата, односно на линијата,која како пилот-проект ќе функционира некаде до крајот на јули 2014 година.Преку бесплатната линија земјоделците можат да побараат помош и да добијат повратна информација од операторите на бесплатниот телефонски број 0800-24680.

linija-tutunoproizvoditeli

Во тимот оператори вклучени се правник и социјален работник,кои ќе делат совети за работењето и ќе обезбедуваат оптимална поддршка.

А.Ш.

 

Би можело да ве интересира

Полицијата во Неготино заплени 283 килограми тутун

Горан Наумовски

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

(ВИДЕО) Талески: Власта одби 100 денари линеарна субвенција, Мицкоски, Трипуновски и ДПМНЕ ги изневерија тутунарите

Горан Наумовски

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година