Бесими: Во првиот квартал ќе се видат ефектите од мерките за стабилизација на економијата

Од:

Веќе во првиот квартал од 2021 година ќе се видат ефектите од мерките кои Владата преку државниот буџет ги презема со цел да се стаблизира економијата во состојба на криза, оцени денеска од Тетово, министерот за финансии Фатмир Бесими кој присуствуваше на промоцијата на возилата за јавен превоз на градот. Тој потсети дека ќе има и други средства за пакетот мерки за 2021 покрај 85 милиони евра од државниот буџет за поддршка на економија, здравствениот сектор и социјални категории кои чувствуваат ефекти од Ковид кризата.

– Во текот на овој период се прават комуникации, а веќе во собраниска процедура треба да заврши и законот за гарантната шема. Преку развојната банка ќе се добијат дополнителни кредити за стопанските субјекти. Грантот што оди од Европска унија, односно 31 милион евра што одат со поволни услови и 30 отсто грант за стопанствениците, веќе е во фаза на реализација, истакна Бесими.

Министерот рече дека некои мерки веќе се применуваат, а се во комуникација со коморите за нивна реализација.

– Од јануари па натаму во континуитет ќе се работи и ќе се промовираат дел од мерките. Во првиот квартал ќе имаме и појасна слика за мерките. Од управата за јавни приходи со последните информации 13 илјади компании веќе аплицирале за декемвриската плата. Постојано сме во комуникација да најдеме и дизајнираме соодветни мерки да се реагира брзо во поддршка на економијата во текот на 2021 за да се остварат проекциите за 4,1 раст на нашата економија, под претпоставка дека Ковид кризата после вториот квартал и натаму состојбата да се нормализира, истакна Бесими.

Тој потсети и на олеснувањата во даночниот систем, како пролонгираниот рок до март за аконтација на данок за добивка и данок на личен доход за самостојните вршители на дејност, намалување на ДДВ кај угосителството и слично.

– Тоа што е важна порака до стопанствениците и граѓаните е дека ние во секојдневна основа ги следиме движењата, слушаме, добиваме одредени сугестии, правиме анализи и навремено ќе излеземе со одредени мерки, како што беше 2020. По сите извештаи на ММФ и на други релевантини институции и ефектот на микроекономски политики и мерки даде резултат во ублажување во ефектот од кризата што го имаше во нашата економија и нашиот живот, смета Бесими.

Според него тоа што за прв пат е направен петгодишниот план за реалиција на буџетот во 2021 година значи дека покрај за опоравување има и решенија кои ќе значат стабилен одржлив и забрзан раст на економијата.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал