Бесими-Тимоние: Поддршка од Франција за проекти за одржлив економски раст и животна средина

Од:

Министерот за финансии, Фатмир Бесими оствари средба со амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, на која, како што информира Министерството за финансии, е разговарано за економскиот план на македонската влада за справување со кризата и Договорот помеѓу двете влади за основање на Француската агенција за развој (ФАР), а со чие склучување се очекува интензивирање на соработката.

Министерот Бесими го информира амбасадорот Тимоние за економскиот план за справување со здравствено-економската криза и нагласи дека навременото носење мерки, нивното брзо спроведување, но и насочувањето на помошта во вистинска насока е клучно во овие услови.

– Со новиот пакет-мерки инјектираме дополнителна финансиска инјекција во економијата. Мерките се темелат на три столба, првиот столб го опфаќа социјалниот и здравствениот аспект, вториот е фокусиран на економијата и вработувањата, сѐ со цел одржување на ликвидноста, и третиот е насочен кон одржување на макроекономската и фискалната стабилност. Дел од мерките што покажаа добар резултат ги продолживме, но ги редизајниравме, со цел зголемување на нивната ефикасност, рече Бесими.

Амбасадорот Тимоние на средбата порача дека француската Влада на иницијатива на ОН има интерес за финансирање проекти во делот на зелена економија во кои би се вклучиле ФАР и ГИЗ-Германско друштво за интернационална соработка.

Министерот Бесими му посака на амбасадорот Тимоние многу успех во понатамошната кариера и изрази огромна благодарност за ангажманот што го имаше како амбасадор во нашата земја и за личната посветеност во сите активности во коишто учествуваше.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов