Бесими – Ангелов: Посветени сме на изградбата на железничкиот дел од Kоридорот 8

Од:

Продлабочувањето на економската соработка, но и забрзаната реализација на значајните инфраструктурни проекти со што ќе се зголеми поврзаноста со Бугарија, беа тема на разговор на средбата помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и бугарскиот амбасадор во државава Ангел Ангелов.

– Во областа на транспортната инфраструктура, Владата на Република Северна Македонија е посветена на изградба на железничкиот дел од Коридорот 8. За првата и втората фаза средствата се веќе обезбедени, додека за третата фаза обезбедени се грант средства од ИПА 2 програмата и во тек е постапка за дообезбедување на финансиската конструкција, рече Бесими.

Воедно, како што соопшти Министерството за финансии, во тек е изградба и модернизација на патната инфраструктура на Коридорот 8, од граничниот премин Ќафасан со Албанија на запад, па сѐ до граничниот премин Деве Баир со Бугарија на исток.

На средбата се дискутираше и за понатамошно подобрување на ефикасноста и ефективноста на јавната потрошувачка преку спроведување на Програмата за реформи во управувањето со јавните финансии, како главна цел на твининг проектот „Зајакнување на буџетското планирање, извршување и функции на внатрешна контрола“ во рамки на кој Министерството за финансии соработува со Министерството за финансии на Бугарија, како една од земјите партнери во овој проект.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Прво Коридорот 8 го прогласија за закана по националниот идентитет, а сега се фалат со него

Николоски раскажува приказни за добра ноќ, каде е да го потпише договорот, реакција од Бугарија за Коридорот 8

Катерина Ѓуровски

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарија: Коридорот 8 е наш национален приоритет

Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д

Николоски: До крајот на јануари ќе заврши целокупната експропријација за патните делници од коридорите 8 и 10д