Берлин: Нема потреба од аларм за Грција

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел е подготвена да се ангажира во понатамошни разговори со грчкиот премиер Алексис Ципрас, доколку тој изрази таква желба, изјави во Берлин портпаролот на германската Влада на редовна прес-конференција.

– Се разбира дека канцеларката е подготвена за понатамошни разговори доколку тој навистина го сака тоа, изјави портпаролот на Владата, Штефен Зајберт.

Според неговиот колега од Министерството за финансии, како што јави дописникот на МИА од Берлин, нема потреба од аларм поради Грција, затоа што земјата е само мал дел од економијата на еврозоната.

Предходно, Меркел пред раководството на нејзината партија изјави дека сега од Грција зависи каков потег ќе повлече за да се надмине најновата ситуација.

Пред своите колеги од Христијанско демократската унија (ЦДУ), Меркел порача дека Грција треба да повлече потег за да се надмине кризата меѓу земјата и партнерите од еврозоната во врска со блокираните реформи.

Меркел на своите партиски колеги, според учесници на разговорот како што пренесуваат дел од германските медиуми, исто така им рекла дека одлуките за Грција можат да се носат секојдневно со оглед на сегашното високо ниво на несигурност.

Германската канцеларка денеска треба да и се обрати на германската јавност за да ја објасни новата ситуација во Грција, каде што в недела на 5 јули треба да се одржи референдум за понудата на кредиторите.

Германија е најголем грчки кредитор со над 70 милијарди евра помош на земјата, а околу пет милијарди евра на германски банки се дел од грчкиот активен банкарски систем, кој е блокиран до одржување на референдумот.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска