Берлин: Нема основа за нов договор со Грција

Од:

По грчкото „не“ за предлозите на кредиторите сега нема простор за нови разговори со Грција за нов пакет за помош или за намалување на долгот, смета официјален Берлин.

– Во светло на вчерашната одлука на грчките граѓани нема основа за влегување во нови преговори за нова програма за помош, изјави денеска во Берлин портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел, Штефан Зајберт

Како што јави дописникот на МИА од берлин, и германското Министерство за финансии има цврст став во врска со барањето на Грција за реструктуирање на долгот. – Не можам да видам причина да се влегува во дискусии на оваа тема, изјави денеска портпаролот на Министерството за финансии Мартин Јегер.

Според првичните реакции на официјален Берлин, од каде денеска се очекуваат низа реакции по вчерашниот референдум во Грција, сосема мали се шансите да отпочнат разговори за трет пакет помош без нов предлог на грчката Влада, во кој грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе ги прифати најголем дел од предходните барања на кредиторите.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија