Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44, односно за 0,31 отсто.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 82,50 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (D-Е V) останува 68, а на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) 57 денари за литар.
За 0,235 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 41,871 денари за килограм.
Како причина за зголемување на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,49 отсто пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и за 0,86 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.