Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Од:

Откупната цена на тутунот од прва класа „ароматичен“ тутун од реколтата за 2023 година ќе биде повисока за дополнителни 35 денари, соопшти Министерството за економија. Одлуката е усвоена на седница на Владата и за неа на Фејсбук објави министерот Крешник Бектеши.

Како што информира Министерството за економија, оваа одлука по нивно мислење беше усвоена на денешната седница на Владата.

-Со оваа одлука се одобрува барањето на Тутунски комбинат АД Прилеп за зголемување за 35 денари на откупната цена на тутунот прва класа „ароматичен“ тутун од реколтата за 2023 година да им се исплати на тутунарите. Носиме одлуки во интерес на тутунарите, наведе министерот Бектеши.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Неготино заплени 283 килограми тутун

Горан Наумовски

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

(ВИДЕО) Талески: Власта одби 100 денари линеарна субвенција, Мицкоски, Трипуновски и ДПМНЕ ги изневерија тутунарите

Горан Наумовски

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година