Бектеши: Сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, работниците ќе добијат 100% поголема дневница

Од:

Министерството за економија веќе предложи до Собранието измени и дополнувања на Законот за трговија со кои се овозможува работа во недела и празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, кажа Министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на охридско-струшкиот регион.

dobivaj vesti na viber

Министерот Бектеши при обиколката на Охридската чаршија каде оствари средба со стопанствениците истакна деке законските измени се веќе во собраниска процедура и во зависност од работата на Собранието очекува најмногу за две недел овие законски измени да бидат изгласани и да стапат на сила со почетокот на туристичката сезона.

„Измените на Законот за трговија во делот на „Недела неработен ден“ се во собраниска процедура, со нив им се дава можност на сите трговци во туристичките места да можат да работат и во недела и празници преку целата година. Овие измени дополнително ќе ја поттикнат економската активност во земјата, посебно во туристичките места“, кажа министерот Бектеши и потенцираше дека измените се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, а работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела ќе добијат дневница поголема за 100 проценти, а останатите во дејностите кои се определени согласно Законот за работни односи ќе добијат дневници поголеми за 50%.

„Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи во првиот квартал, а и очекувањата за бројот на туристи согласно веќе направени резервации за странски туристи кои ќе ја посетат Северна Македонија оваа летна сезона, посебно Охрид и Струга овие законски измени очекуваме да ќе придонесат за уште поуспешна сезона.Министерството за економија и Владата ќе продолжат со креирање на мерки за поттикнување на домашниот туризам со цел за зголемување на бројот на домашни и странски туристи во земјата“, кажа Бектеши.

Како дел од мерките кои што и оваа година ќе се реализираат за поддршка на домашниот туризам како што истакна министерот е и мерката за ваучери за одмор во домашните туристички капацитети на работници со ниски хриходи.

„Со Ребалансот на буџетот се предвидени 15 милиони денари за да продолжиме со мерката за ваучери за туризам за работници со ниски приходи, согласно предвидените средства проекциите се дека ќе се обезбедат ваучери за 1.500 до 2.000 семејства“, кажа Бектеши.

Би можело да ве интересира

Станува критично: Се повеќе Австријци не можат да си ги платат сметките

Предраг Петровиќ

Албанија во јули со најниска стапка на инфлација во регионот

А1он

Бектеши: Се замрзнува маржата на огревно дрво и пелети за огрев на 10%

Ана Ололовска

Бектеши: Забранет извозот на огревно дрво, пелети и пченица и брашно

Горан Наумовски

Бектеши: Се замрзнува маржата на лебот, шеќерот и зејтинот на 5%, а на брашното, макарони, ориз, кравјо млеко и јајца на 10% во трговија на големо и мало

Ана Ололовска

Битиќи и Лорковски: С. Македонија останува посветена на европскиот план за диверзификација и праведна транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија

Ана Ололовска