Бектеши: Нема поевтина струја за водоводните претпријатија што ќе ја покачат цената на водата

Од:

Општините побарале од министерството за економија да продолжат мерките за купување на субвенционирана струја од ЕСМ Продажба за локалните претпријатија за водоснабдување и за основните и средните училишта, но без да образложат зошто бараат евтина струја а сакаат да ја зголемат цената на водата за граѓаните.

За да им се помогне и излезе во пресрет, министерот Бектеши рече дека водоводните компании треба јавно да излезат и да кажат зошто бараат зголемување на цената на водата.

– Има барање од општините за да продолжи субвенционираната струја за водоводните претпријатија и за училиштата. Кога се има простор ќе им излеземе во пресрет. И обврските нивни да си ги преземат. Ние сме подготвени како Влада да ги покриеме, но треба јавно да излезат и да кажат зошто бараат зголемување на цената на водата.

Ако во случај ја зголемат цената на водата, нема да добијат поевтина струја. Ние ги поддржуваме со буџет кој се полни од страна на граѓаните. Ако не ги зголемуваат, ние ќе продолжиме да ги поддржиме – истакна Бектеши.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите