Бектеши: Нема да биде голема штета ако се затворат десетина компании кои увезуваат зеленчук и овошје

Од:

Министерот за економија, Крешник Бектеши следната недела ќе ги објави трговцитe кои не ги почитуваа мерките за замрзнати цени на зеленчукот.

– Се работи за компании кои се занимаваат со трговија, над 95% од нив се увозници и не се работи за домашно производство. За овие компании да почекаме до следната недела и јас лично ќе ги објавам. Се работи за десетина компании кои во последните години увезувале земјоделски производи и ако се затворат тие нема да биде голема штета за државата.

Во однос на тоа до каде е постапката за тоа што се појавија информации дека некои фирми доставувале лажни фактури при увоз, Бектеши рече дека последната вест е дека Царина ги доставила тие фактури на проверка во земјите од каде потекнуваат производите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

30 дена притвор за Крешник Бектеши и за 12 други лица во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“

Екс директорот на ДПИ-Горан Трајковски и Бектеши се сослушуваат во Обвинителството

Миланов: Бектеши e задржан во полициска станица поради натамошни проверки