Бектеши: Мерките даваат резултати, продолжува трендот на намалување на инфлацијата, имаме најниски цени на храна и нафтени деривати во регионот

Од:

„Последните податоци на Државниот завод за статистика за трошоците на живот и цените на мало во април ги потврдуваат заложбите на Владата и на Министерството за економија во делот на мерки за справување со инфлацијата, посебно кај цените на основните прехранбени производи. Продолжува трендот на намалување на инфлацијата и во април, таа се намали на 13%“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Според министерот Бектеши, ако се спореди со инфлацијата која беше измерена во октомври кога Владата почна да носи мерки за справување со ценовната криза, може да се види дека има намалување на инфлацијата за над 7%.

„Тоа што е најважно што беа превземени мерки од страна на Министерството за економија е менаџирањето на цените на основните прехранбени производи, а податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека мерките даваат резултат. Само од март до април, споредбено, растот на трошоците во делот на храна и безалкохолни пијалоци за еден месец има намалување за 5,2%. Денеска треба да бидеме горди што Северна Македонија има најниски цени на основни прехранбени производи и нафтени деривати, споредено со земјите од регионот. Иако нафтените деривати се берзански производи, секоја Влада има простор процентуално да влијае во утврдување на цените, посебно во делот на фискалните политики каде што влегуваат акцизите, ДДВ-то, па и другите царински давачки. Имаме простор да донесуваме вакви одлуки за да ги амортизираме високите цени“, кажа министерот Бектеши.

Во однос на цените на прехранбените производи, министерот истакна дека мерките ги дадоа резултатите, и во делот на контрола на ланецот на трговијата, не само во однос на замрзнувањето.

„Само од октомври 2022 година до крајот на април годинава имаме намалување на цените на прехранбени производи со 14,7%, што е поголемо намалување од зголемувањето на платите во овој период во нашата држава“, кажа министерот Бектеши.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Омилената српско-бугарска компанија на Изет МегаВин Меџити веќе седум години нелегално организира онлајн коцкање

Не коментирам изјави на политички маргиналци, вели премиерот Мицкоски

Бектеши ја оценува кривичната пријава како политичко заплашување, ја објави пораката што ја испратил

Усвоената листа на производи за спречување нефер трговски практики дополнително ќе ја намали инфлацијата, најавува Бектеши

Бектеши: Очекувам наредната влада да ја ревидира одлуката за да нема зголемување на цената на електричната енергија

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

A1on