Бектеши: Македонските компании се подготвени за членството на земјата во НАТО

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши, заедно со амбасадорот на Република Словенија во Северна Македонија, Милан Јазбец вчера во Струмица се обрати на панел дискусијата на тема „Македонската бизнис-заедница како партнер на НАТО“ во рамки на НАТО-карванот низ неколку града во државата.

Министерот Бектеши истакна дека Северна Македонија е на чекор пред членство во НАТО, а влезот во Алијансата е важно не само од политички и безбедносен аспект, туку и од економски аспект.

„Ние во континуитет работиме да ја подобриме бизнис климата и да ги подготвиме нашите компании за членството во НАТО, да бидат поконконкутрентни со оглед на тоа што ќе влеземе во пазар вреден милјарди евра, а нашите компании ќе можат да учествуваат во нивните набавки на НАТО, со што ќе треба да ги исполнат нивните стандарди и да станат поконкурентни“, рече Бектеши.

„Најголемиот број од македонските компании се подготвени за членството на земјата во НАТО и ние како држава во континуитет преземаме мерки за да им го олесниме работењето, а со тоа да можат да бидат конкурентни и со компании од поразвиени држави, имајќи предвид дека најразвиените земји членуваат во НАТО. Убеден сум дека преку мерките кои ги презема Владата, а кои се создадени заедно со стопанските комори и бизнис заедницата, македонските компании ќе бидат конкурентни на странските пазари. Ние го создадовме Планот за економски раст, кој е потполно транспарентен. Тој план им дава на компаниите предвремено да знаат како ние како држава ги помагаме, а не тоа да биде дискреционо право на министер, на вицепремиер или пак на некој вршител на функција, а со тоа компаниите веќе го покажуваат резултатот, а тоа го покажуваат и бројките што произлегуваат од страна на Државниот завод за статистика. Значи, имаме раст на индустриското прозводство, намалување на невработеноста во државата и во континуитет се зголемува просечната плата, а со последната мерка за зголемување на минималната плата секако дека тоа ќе биде спирала за зголемување на сите плати и ќе се мотивираат работниците и со тоа ќе станат попродуктивни, а нашите компании ќе бидат поконкуретни не само во регионот, туку и на пазарот во НАТО“, истакна министерот Бектеши.

Амбасадорот на Република Словенија во Северна Македонија Милан Јазбец, го пренесе искуството на неговата земја.

„Членството во НАТО значи зголемена сигурност, стабилност и од таа страна значи едно голема атрактивност за странски инвестиции. Со членството во НАТО земјата влегува во еден список на земји во која е исплатливи да се инвестира. Тоа дава претпознатливост на земјите. Тоа дава една можност на компаниите да конкурираат за работа на НАТО тендерите, кои претходно неможеле, но тоа значи дека компаниите треба да се многу добро подготвени и да понудат квалитет и ефикасност. По правило и од искуство на државите кои влегоа во НАТО во 2004 година од 10 до 30 проценти се зголемени странските инвестиции“, кажа амбасадорот Јазбец.

На панел дискусијата присуствуваше и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, како и претставници на бизнис заедницата од Струмица. Настанот е во организација на Инфоцентарот за евроатлантски интеграции.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов