Бектеши ја избриша ставката за трошоци за живот за да поевтини минималната синдикална кошница

Од:

Со новата методологија на пресметка на минималната потрошувачка кошница на Синдикатот и со зголемувањето на минималната плата за март месец, министерот за економија Крешник Бектеши се надева дека за минималната потрошувачка кошница ќе бидат потребни помалку од две плати.

Министерството за економија детектирало грешка во споредувањето на минималната потрошувачка кошница со минималната плата во земјава почнувајќи од август 2022 година.

– Во месечната потрошувачка кошница за 2022 година, во речиси секој месец се зголемувани цените во сите елементи што ја формираат вредноста на минималната кошничка и тоа се прави до седмиот месец. Во осмиот месец дополнително двапати е пресметана инфлацијата како нов осми елемент иако во останатите седум елементи имаме зголемување на трошоците како резултат на инфлацијата. Инфлацијата е пресметана двапати во методологијата која ја објавува ССМ и овие бројки не треба да се земат во предвид од август навамуво делот на покривање на минимална плата во делот на потрошувачка кошничка – истакна Бектеши.

Според неговите анализи, кога ќе се извади ставката трошоци на живот, минималната синдикална кошница на тој начин е пониска за околу 7.000 до 8.000 денари, односно за месец декември 2022 година е 43.163 денари, а не 51.234 денари.

– Во 2012 година минималната кошничка се полнеше со 3,9 плати, потоа со четири плати, а од 2017 година имаме надолен тренд. Заклучно со март 2023 година мислам дека ќе може да се покрие кошничката со помалку од две плати со оглед на зголемувањето на минималнатата плата – рече Бектеши

Би можело да ве интересира

Дејановски: Слушаме ветувања ќе има повисоки плати, а добивме неисплатени плати, скратени додатоци, зголемени цени и иселени млади

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Трендафилов: Денеска работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат

Синдикатите на првомајски протест за повисоки плати

Пешевски: Повисоки плати не се 500 евра плата, туку 500 евра минимална плата

Горан Наумовски

Трендафилов: Владата и работодавачите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра