Бектеши: Институциите заштедиле 20 отсто струја освен министерството на Горан Милевски кое потрошило повеќе

Од:

Владата, министерствата, кабинетот на претседателот, Собранието, државните ЕЛЕМ и МЕПСО заштедиле 20% електрична енергија за месец септември споредено со истиот период од 2021 година.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, ги објави резултатите од задолжителните мерки на штедење во државните институции и претпријатија кои стапија на сила на 1 септември.

– Согласно податоците од Електродистрибуција, Владата, судовите и Собранието како и кабинетот на претседателот, вклулително ЕЛЕМ и МЕПСО направиле заштеда од 20%. Доколку се анализираат само податоците од административните згради од министерствата, Владата, Собранието, претседателот на Македонија, ЕЛЕМ и МЕПСО заштедата изнесува 25%.

Единствено зградата на министерството за локална самоуправа има зголемена потрошувачка за септември 2022 во однос на 2021 година.

Кај МВР заштедата е 21%, кај министерството за култура 40%, кај Министерството за образование и наука е 35%, министерството за политички систем заштедило 22%, транспорт и врски заштедило 30%, труд и социјални политки 36%, Министерството за финансии 32% и министерството за економија 30%. Најмала заштеда е направена кај зградите на Министерството за здравство од 2%, потоа кај одбрана со 8%. Собранието заштедило 29%, додека претседателот заштедил 17% – објасни Бектеши.

Јавното претпријатие Водостопанство Македонија потрошило за 144% повеќе електрична енергија во однос на истиот период во 2021 година.

Од 81 општина, 25 не постигнале да заштедат струја од 15%, а останатите успеале да постигнат заштеда на енергија поголема од 15%.

– Најмногу отстапуваат општина Арачиново, Гостивар и Свети Николе. Овие податоци покажуваат дека доколку сме рационални, може да се направат заштеди. Секој со личен влог може да помогне да се справиме со енергетската криза – додаде Бектеши.

Државните институции требаше да ги намалат сметките за 15% во однос на истиот период лани, а за таа цел беа донесени сет мерки и задолженија меѓу кои се исклучено декоративно осветлување, исклучено осветлување во канцеларии кога има дневна светлина, вклучено ладење не пониско од 27 степени, односно греење не повиско од 20 степени.
Институциите требаше да ги гасат и компјутерите после работно време и често да проветруваат во просториите.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите