Бектеши-Џентолини: Имплементацијата на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан е клучот за пост-ковид заздравување на економијата

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши, кој престојува во неколкудневна посета на Брисел, на денешната средба со еврокомесарот за економија Паоло Џентолини порачал дека имплементацијата на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан е клучот за пост-ковид заздравување на македонска економија.

– Очекуваме многу нови иницијативи и проекти за создавање посилни врски и мрежи со Европската унија, истакнал Бектеши на средбата.

Тој го информирал евроамбасадорот за реализацијата на приоритетните проекти на земјава во рамки на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан, како и за приоритетите на Северна Македонија со претседавањето со ЦЕФТА и поставените цели за олеснување на трговијата, транспортот и поврзаноста на земјите од Западен Балкан кои произлегуваат од Берлинскиот процес.

– Заедничкиот став со Европската унија е дека подоброто поврзување на економиите на Западен Балкан во рамките на регионот и со ЕУ бара силна посветеност од Западен Балкан за спроведување на темелни реформи, продлабочување на регионалната економска интеграција и развој на заеднички регионален пазар врз основа на законодавството на ЕУ со цел да се направи регионот е поатрактивна област за инвестиции. Со планот за обнова и трансформација на европската економија преку Фондот за закпрепнување приоритет ќе бидат инвестиции во зелена економија, дигитализација и пост-ковид закрепнување, соопшти Министерството за економија.

На средбата, како што се наведува, било нотирано дека Северна Македонија е пример во Западен Балкан за напредок на реформите во царинската политика.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов