БДП во првиот квартал 0,2 отсто

Од:

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од годинава во државава изнесува 0,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од годинава, најголем пораст е забележан во секторите: Информации и комуникации од 10,4 проценти, Дејности во врска со недвижен имот од 6,5 проценти и Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 5,2 проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции што им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од годинава номинално расте за 2,7 роценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 63,2 проценти.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намалил за 7,1 процент, а увозот на стоки и на услуги забележал намалување во номинален износ од 4,6 проценти.

Според очекувањата на Владата, здравствено економската криза со КОВИД-19 ќе ја намали економската активност годинава за 3,4 проценти. Проекциите пред кризата беа дека македонската економија ќе забележи раст од 3,8 проценти. Основното сценарио на Министерството за финансии за економскиот резултат во 2020 година е забавување на економската активност за -3,4 проценти со тоа што ефектите од кризата предизвикана од коронавирусот врз економијата се очекува да бидат најголеми во второто тримесечје, во третото се очекува забавување на контракцијата, додека во четвртото закрепнување на економијата и раст.

Државава ја заврши минатата година со стапка на раст на БДП од 3,6 проценти.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана