Баросо повика да им се помогне на најсиромашните држави во Европа

Од:

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ги повика најбогатите земји во Европската унија да го поддржат финансирањето на политика на единство на 27-те земји-членки, со цел да им се помогне на најсиромашните држави.

– Неопходна ни е политичка согласност. Најбогатите земји треба да ја одобрат амбициозната политика за поддршка на најсиромашните региони во Европа. Станува збор за тоа да се придонесе за растот во цела Европа, нагласи Баросо во Братислава.

Тој истакна дека кохезиските фондови би можеле да го стимулираат растот и да помогнат за надминување на кризата.

– Пријателите на кохезиската политика и пријателите на поправилното трошење на парите треба да се разберат едни со други и да станат пријатели на растот, изјави претседателот на ЕК на самитот на групата „Пријатели на единството на ЕУ“, неформална група од 15 земји од Унијата.

Тие земји, кои на самитот во Братислава се претсавени од 11 премиери, се корисници на бенефиции од европскиот буџет и се борат против негово намалување побарано од најбогатите земји поради кризата во еврозоната.

Финска, Франција и Германија бараат да биде намален за пет милијарди евра нацрт-буџетот на ЕУ за 2013 година, од кои 3,5 милијарди во делот на економски раст, вработувањата и конкуретноспособноста. Тие три земји, заедно со Велика Британија, Холандија, Шведска и Австрија ги отфрлија предлозите на ЕК за зголемување од 6,8 отсто на трошоците за европскиот буџет за 2013 година до 138 милијарди евра. Тие седум земји се т.н. нето внесувачи во буџетот, односно нивниот нациоален придонес е поголем од добивката што ја имаат од него.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски