Баросо: Не ја потценувајте ЕУ, посилна е и од САД

Од:

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ги повика САД да не ги потценуваат економските перформанси на Европа и нејзината финансиска состојба.

-Нашите економски темели се добри. Европа и понатаму е најголемо стопанство во свет, пред САД – изјави тој во Њујорк на конференцијата на Стопанската комора ЕУ -САД(ЕАЦЦ) и агенцијата Блумберг.

Во областа на јавните финансии, дури и додека Европа се соочува со должничката криза, Барозо нагласи запрепастувачки заклучок во споредба со САД и Јапонија.

Новиот американски секретар за финансии Џејкоб Лу во текот на неодамнешната турнеја низ Европа, ги повика европските лидери, паралелно со мерките за штедење да додадат и мерки за зголемување на побарувачката и на тој начин да го поддржат стопанскиот раст.

Тој нагласи дека од голема важност се преговорите за слободна трговија на САД-ЕУ, за кои Европа планира да се подготват во текот на летото.

-Доколку можеме да постигнеме сеопфатен договор, вкупната корист ќе донесе зголемување од 0,5 проценти БДП во Европа и 0,4 проценти во САД до 2027 година-потсети претседателот на ЕК.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Муртезани: Одличен е моментот како земја брзо да чекориме кон полноправно членство во ЕУ

Горан Наумовски

ЦРПМ македонски партнер во европски проект за управување со биодиверзитетот

Горан Наумовски

ЕУ се закани: Имаме доказ – и помогнаа на Русија, ќе „платат“ за тоа

Како Влада сме спремни за суштински дијалог со Бугарија, вели Муртезани

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил