Барање до стечајниот управник на Фени да обезбеди услови за непречен увид во имотот на допжникот

Од:

Трите банки предлагачи на стечајната постака за Фени Индустри АД Кавадарци испратија писмо до привремениот стечаен управник Мирослав Анастасиевски во кое го информираат дека стапиле во разговори со заинтересирани инвеститори кои сакаат да се јават како санатори со цел да се продолжи работењето на металуршкиот комбинат по отворање на стечајната постапка.

– Со цел да не се врши непотребно одолговлекување на активностите, кумулирање на трошоците кои банките ги авансираат за да се спречи настанување на ненадоместлива штета со намалување на вредноста на имотот на должникот, како и рестартирање на работењето на должникот во најбрз можен рок, како на привремен стечаен управник Ви се обраќаме со цел без одлагање да ги обезбедите сите потребни услови за непречен увид во имотот на допжникот на заинтересираните инвеститори, се вели во писмото од Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и Силк роуд банка АД Скопје.

Би можело да ве интересира

Продаден е дел од имотот на „Фени“, ќе има авансна распределба на парите

Горан Наумовски

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on