Барањата за финансиска поддршка за плати поставени на системот Е-Даноци и ЕПДД

Од:

Управата за јавни приходи информира дека на системот Е-Даноци може да се најде образецот БФП-ИП/1 со кој компаниите може да побараат финансиска поддршка од 14.500 денари за исплата на плати за јуни. На системот Е-ПДД, пак, е поставен образецот БФС-СВД/1 со кој финансиска поддршка за исплата на плати за јуни може да побараат самостојните вршители на дејност.

– Согласно измените и дополнувањето на Уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите и самостојните вршители на дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, заради исплата на платите за месеците април, мај и јуни 2020 година, компаниите и самостојните вршители на дејност мерката 14.500 може да ја користат и во јуни 2020 година.

Мерката за финансиска поддршка во април ја искористиле вкупно 19.696 работодавачи односно 5.707 самостојни вршители на дејност, а во мај 19.730 работодавачи, односно 5.814 самостојни вршители на дејност.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет