Бараат увоз на смрзнато свинско месо без царина за да се намали цената на домашните месни производи за 10 – 15 %

Од:

За да може да се намали цената на домашните преработки на месо, неопходно е да се укине царината на увезеното смрзнато свинско месо, рече денес Гоце Трајчев, претседател на групацијата за преработка на месо при Стопанската комора. Домашните производи, претседателот Трајчев, вели дека не се конкурентни оти за нив се плаќа царина за суровината, а за готовите производи од увоз нема давачки.

„За да може да се намали цената веднаш и тоа над 10-15 %, потребно е да се донесе антикризна мерка за ослободување на царината за увоз на смрзнато свинско месо наменето за преработка која беше на сила 4 години но престана да важи во јуни оваа година и е една од причините што доведе до зголемување на цената на месните преработки што нас директно не направи неконкурентни на домашниот пазар затоа што готовите производи, конкуренцијата од увозот, влегуваат без никакви давачки, без никакви царини, а ние плаќаме од 19 до 35 % на увезената суровина. Со други зборови не бараме протекционизам, не бараме субвенции, бараме изедначување на условите за стопанисување на ист начин како и со странските производители. Тоа е главниот услов за трошење и на домашните производи“, вели претседателот Трајчев и нагласи дека проблемот е само со увозот на свинското месо оти телешкото и пилешкото се ослободени од царина и нивната цена зависи само од светските берзи.

Групацијата за преработка на месо барањето за ослободување од царина на смрзнатото свинско месо го претстави како антикризна мерка која Владата треба да ја усвои веднаш за да се постигне значително намалување на цените на месните производи.

„Ние се обврзуваме да произведеме квалитетни, евтини домашни производи за секој граѓанин, а ги замолуваме и ги повикуваме граѓаните да купуваат домашни производи“, рече Трајчев.

Дел од преработувачите на месо веќе ги намалиле цените на месните производи оти од денес користат субвенција за струјата од Владата.

Би можело да ве интересира

АХВ донесе забрана за увоз и употреба на желудник од живина во производството на подготовки од месо

Горан Наумовски

Царинска управа: Спречен шверц на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

Спречен шверц на месо опасно за здравјето – Камион на грчка фирма носел четири тони месо од дивеч во Македонија

Затворски казни за обвинетите од предметот со коњско месо во Франција

Јагнешкото ретко и скапо пред Велигден, традиционално поскапеа и пазарите

Жарко Настоски

Да јадеме помалку месо за да се намали ризикот од нови пандемии, порачуваат експерти на ОН

Жарко Настоски