Банкнотата од 500 евра заминува во историјата

Од:

Седумнаесет од 19 централни банки во еврозоната од 27 јануари повеќе нема да издаваат банкнота од 500 евра, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ).

За да се обезбеди непречена транзиција, но и од логистички причини, Централната банка на Германија (Бундесбанка) и Централната банка на Австрија ќе продолжат до 26 април оваа година да ја издаваат таа банкнота.

Постоечките банкноти во апоени од 500 евра ќе продолжат да бидат законско платежно средство, што значи дека граѓаните и понатаму ќе можат да ги користат за плаќање или за штедење. Банките, менувачниците и другите комерцијални странки, како што соопшти ЕЦБ, ќе можат да ги зачуваат во оптек постоечките банкноти од 500 евра.

Банкнотата од 500 евра секогаш ќе ја задржи својата вредност и ќе може во секој момент да се замени во која било банка во еврозоната.

Би можело да ве интересира

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он