Банките имаат рок од еден месец да воведат апликации за да ја намалат интеракцијата и бирократските процедури

Од:

Владата го задолжи Министерство за финансии, а ѝ препорача на Народна банка во заедничка соработка да ја разгледаат можноста за изнаоѓање начини и подготовка на предлог – уредба со законска сила, во насока на задолжување на деловните банки во рок од еден месец да воведат нови финтек апликации со кои значително ќе се намали интеракцијата и бирократските процедури за граѓаните, како и за микро, мали и средни компании.

„Се задолжува Министерството за финансии, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација да предвиди конкретни предлог – мерки со кои банките ќе можат да го стимулираат менувањето на навиките на граѓаните, ќе се софистицираат процесите и ќе се преиспита начинот на издавање на документацијата и на самата документација при барањата за кредитирање и исплати (поевтини токени, дигитални идентификација и сл.)“, стои во владиното соопштение.

Министерството за финансии има задолжение да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила со која правно ќе се нормираат обврските на банките во поглед на обврската за носење на заштитна опрема на вработените лица и начинот на имплементирање, број на лица во објектите согласно квадратурата на објектот, одржување на редот во и пред објектите и др.

Министерството за финансии, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за труд и социјална политика, според владината одлука, треба да подготват и до Владата да достават соодветен протокол за вршење на исплатата на пензиите.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Горан Наумовски

Протестите се малициозни и политички мотивирани, нова реакција од Владата на протестите на УПОЗ

СДСМ: Владата итно да обезбеди целосна рамноправност меѓу вработените во јавниот сектор

ВИДЕО: За Владата протестите на УПОЗ се незаконски и политички мотивирани

Катерина Ѓуровски

Законот ќе биде доработен и вратен во Собрание, најавуваат од Владата по ветото на Сиљановска

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик