Банки-поранешни доверители: Стечајната постапка во Фени е во согласност со законските прописи

Од:

Стечајната постапка во Ферни Индустри е водена во согласност со законските прописи и успешно се заштитени интересите на доверителите, се наведува во реакцијата од Банките поранешни доверители. Изнесените обвинувања на Транспаренси интернешнл и пишувањата во врска со стечајот во најголем дел, како што наведуваат во соопштението, се базираат на неточни информации и податоци и не соодветствуваат на новата ситуација.

– Банките како обезбедени кредитори на ден 13.03.2018 година, склучија договор за продажба на своите побарувања од „ФЕНИ Индустри“ во стечај. Заклучно со 22.03.2018 година, вкупната сума од договорот за откуп на побарувања (која вклучува главен долг, камати, провизии и останати трошоци) е целосно исплатена и Банките од тој момент немаат никакви побарувања од „Фени Индустри“ во стечај, се посочува во соопштението од банките.

Имајќи предвид, дека со реализацијата на договорот за откуп на нивните побарувања тие повеќе не се доверители во стечајната постапка, веднаш бил доставен поднесок до судот, кој пак, по тој основ пристапил кон промена на составот на Одборот на доверители и избрал нови членови на местото на претставниците на Банките. Податоците објавени вчера се со постар датум и не соодветствуваат со моменталната состојба.

– Како обезбедени доверители со свои претставници во одборот на доверители длабоко сме уверени дека стечајната постапка е водена во согласност со законските прописи и успешно се заштитени интересите на доверителите. Впрочем, ова е еден од исклучително ретките случаи (ако не и единствен) на компанија оставена со преку 60 милиони евра долг, вработени без плата, блокирани сметки и целосно неизвесна иднина, која во рок од неколку месеци целосно го обнови производниот процес, сите вработени ги задржа на работа и целосно ги исплати нивните плати. Во исто време, со најголем дел од доверителите се склучени договори за регулирање на нивните побарувања и исплатена е прва рата по тој основ.

Што се однесува до огласот за преработка на никелова руда, како дел од одборот на доверители, банките потврдуваат дека целата постапка била транспарантна и отворена за сите заинтересирани субјекти.

– Огласот се објави во меѓународното списание „Financial Times“ и сите заинтересирани субјекти можеа да се јават на истиот. Овој оглас овозможи активирање на комбинатот и обебзедување на работа за преку 700 вработени и пред завршување на стечајната постапка, стои во соопштението од банките – поранешни доверители.

Воедно, изразуваат жалење што изнесените неточни информации и обвинувања се, наведуваат, презентирани по претставка на поранешниот сопственик на компанијата, кој го довел комбинатот во оваа состојба.

– Овој пристап го цениме како целосно несериозен и убедени сме дека вработените и сите заинтересирани субјекти во „ФЕНИ Индустри“ јасно го препознават тоа, се наведува во реакцијата на банките – поранешни доверители на ФЕНИ.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он