Бајатовиќ: Изјавите од Бугарија за гасот од Русија се празни соништа

Од:

„Изјавата на бугарските официјални лица за необновување на договорот за купување гас од Русија е пуст сон, бидејќи немаат од каде да го полнат гасоводот освен од Русија, изјави денеска директорот на Србијагас, Душан Бајатовиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој оцени дека Бугарија не може да ја прекине набавката од Гаспром, бидејќи ќе остане без гас.

-Мислам дека тоа е политичка изјава. Резултат на притисокот врз Бугарија, а потоа и притисокот врз Србија и Унгарија, изјави Бајатовиќ гостувајќи на ТВ Прва.

Бајатовиќ кажа дека Србија моментално го „влече“ гасот од два правци и дека 50-60 отсто доаѓа од Балканскиот тек преку Бугарија, додека дел од гасот доаѓа преку Унгарија. Тој наведе и дека гасот за европските земји без престанок се доставува преку Украина.

-Свифтовите не се укинати. За енергентите банкарскиот систем работи, кажа тој.

Бајатовиќ изјави дека Владата на Србија ја субвенционира цената на гасот за потрошувачите во Србија.

-Нема да има поскапување на гасот, нема да има недостаток од него, порача тој.

Зборувајќи за ограничувањата во увозот на нафта, Бајатовиќ истакна дека на Србија и се закануваат казни, а европските земји продолжуваат да увезуваат руска нафта.

Тој кажа дека Србија има од каде да купува нафта, но посочи и дека Нафтената индустрија на Србија (НИС) е српска компанија, без разлика на степенот на руската сопственост во неа (Гаспромњефт).

-Дури и да купиме нафта од Венецуела, повторно ќе ја преработиме во рафинеријата НИС. Што сега треба да ни кажат, да не можеме ни да ја обработиме, се праша тој.

Бајатовиќ оцени дека се работи за притисок врз Србија и дека на регионот не му се допаѓа зајакнувањето на Србија, без разлика што помогнала со вакцините, а ќе помогне и со жито.

-Нема причина да се грижиме за количините на гас и деривати, ниту за храната што ја произведуваме и можеме да ја дадеме на другите, важно е да остане политичката стабилност, порача Бајатовиќ.

Бугарскиот вицепремиер Асен Василиев вчера најави дека Бугарија нема да го обнови договорот за снабдување со природен гас со руски Гаспром поради војната во Украина и дека ќе ги разгледа алтернативните испораки и идниот заеднички договор со ЕУ за да се избегне недостиг од овој извор на енергија. Бугарија речиси целиот гас го добива преку десетгодишен договор со Гаспром, кој истекува на крајот на оваа година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски