Азербејџан сака да инвестира во Македонија

Од:

Азербејџан е заинтересиран за инвестирање во македонското стопанство и за општо интензивирање на економските односи меѓу двете земји, беше истакнато на денешната средба во Баку меѓу македонскиот претседател Ѓорге Иванов и шефот на Азербејџан, Илхан Алиев.

Средбата се одржа на 17-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Азербејџан, а двајцата претседатели изразија задоволство од досегашниот тек на билатерлната соработка и се согласија дека односите се пријателски и се одвиваат со позитивна динамика.

Алиев го покани Иванов во официјална државна посета, а македонскиот претседател прифати и му ја возврати поканата.

Претседателите на двете држави сметаат дека двете земји ќе имаат интерес од продлабочување на соработката во сферата на енергеткатата.

Алиев го информира Иванов за енергетските и гасоводни проекти, кои се во фаза на реализација и кои се планирани во Каспискиот регион и во Европа, додека македонскиот претседател информира за инвестициските можности во Македонија.

Претседателот Иванов, во петок, на официјалното отварање на 23. сесија на форумот ќе се обрати говорејќи на тема поврзана со енергетските прашања во новите светски услови.

Сопругата на претседателот, Маја Иванова ќе се обрати на специјалната пленарна сесија посветена на човековите права, родовата еднаквост и образованието, организирана во соработка со УНЕСКО и ИСЕСКО со која ќе претседава Првата дама на Република Азербејџан, Мехрибан Алиева. Сесијата ќе биде посветена на темата „Правата на жените се човекови права, а човековите права се права и на жените”.

Форумот Кран Монтана е основан во 1986 година со цел да обезбеди широка меѓународна соработка и поврзување на економските чинители на светско ниво, како и да придонесе кон глобалниот економски раст, воедно обезбедувајќи стабилност, еднаквост и безбедност. Форумот обединува повеќе од 77.000 делегати ширум светот.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on