„Автоваз“ ги испорача првите пет електромобили „Ел лада“

Од:

Водечкиот руски производител на автомобили „Автоваз“ саопшти дека на купувачите им ги испрати првите пет електроавтомобили „Ел лада“.

Возилата на територијта на Кавкаските Минерални Води, посебно заштитени еколошки одморалишта во Ставрополската област, ќе бидат користени како зелени електротакси, пренесуваат руските медиуми.

„Автоваз“ и владата на Ставрополската област заедно го реализираат првиот руски обемен проект за практично користење на патничките електромобили.

Во согласност со спогодбите потпишани во август 2012 година, „Автоваз“ за Ставропол ќе произведе 90 електромобили.

Првите пет возила „Ел лада“ ќе бидат наменети за унапредување на технологијата за користење, тренинг и обука на кадри. Во ноември минатата година електромобилот го мина комплексното тестирање во Ставрополската област и покажа одлични експлоатациски карактеристики.

Електроавтомобилот „Ел лада“, е развиен на темелот на моделот „Лада калина“, тежок е  1.200 килограми, а може да развие брзина до 140 километри на час. За 150 километри градска вожња доволно му е осмучасовно полнење на обичен домашен електричен приклучок.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска