Австријците задоволни од бизнис климата во Македонија

Од:

Атрактивноста на Македонија како дестинација за странски директни инвестиции е добра и задоволителна, оценуваат австриските компании кои работат во земјава. Посочуваат дека Македонија има направено многу во подобрување на бизнис климата, но дека се уште има некои работи кои треба да се подобрат.

– Австрија е втор странски инвеститор во Македонија со 485 милиони евра и е активен во многу индустрии. Во земјава се основани 45 компании од Австрија кои најмногу работат во услужниот сектор, рече на денешната прес-конференција Герхард Шлатл од трговското аташе при Австриската амбасада, кој најави дека интерес има и за нови инвестиции, односно дека се разговара со 2-3 компании за влез на македонскиот пазар.

Посочи дека не може да се очекува да се големи производствени објекти, но додаде дека и оние во услужниот сектор вработуваат многу луѓе. Очекува да се пројави интерес за инвестирање и од присутните компании на одржаниот бизнис форум во Виена, минатата недела на кој беа претставени бизнис можностите во Македонија.

Австриските компании кои работат во Македонија, според анкетата спроведена во летниот период, посочиле дека се со пооптимистички погледи за економската состојба во наредната година, изразуваат оптимизам во поглед на ситуацијата во нивниот сектор и економската ситуација во секторот, особено очекуваат подобрување на состојбата во делот на инвестициите, бројот на вработените и прометот.

Како што рече Шлатл, австриските инвеститори забележуваат дека треба да се подобри состојбата во делот на плаќањата, повратот на ДДВ, инфраструктурата, работата на администрацијата и бирократијата.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов