Авиокомпаниите во 2014 година превезле 3,2 милијарди патници

Од:

Авиокомпаниите во светот превезле 3,2 милијарди патници во 2014 година, што е зголемување за пет отсто во споредба со 2013 година, соопшти Меѓународната организација за цивилна авијација (ИКАО).

Авиопревозниците извршиле рекорден број летови во 2014 година – 33 милиони, што е за околу милион повеќе отколку лани.

До 2030 година, се очекува повеќе од 6,4 милијарди патници да користат услуги на авиокомпании, се вели во информацијата на специјализираната агенција на ОН.

Азиско-Тихоокеанскиот регион е со најголем „удел“ – 31 отсто приходи по патник за изминат километар споредбено со 27 отсто во Европа и 25 отсто во Северна Америка.

Би можело да ве интересира

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија