Ауди С3 Спортбек на Саемот во Женева

Од:

Германскиот производител на автомобили „Ауди“ го најави моделот С3 Спортбек, кој официјално ќе биде претставен на Саемот во Женева во март годинава.

Ауди С3 Спортбек е опремен со 2,0 литарски ТФСи турбо мотор со директно вбризгување, кој испорачува 300 коњски сили преку шестстепен С-Троник менувач.

Новиот С3 од 0 до 100 километри на час забрзува за 5,5 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час.

Ауди С3 Спортбек со С-Троник менувач троши 7 литри на 100 километри.

Препознатливо за овие модели е погонот на сите четири тркала, спортска суспензија и 18 инчни тркала.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска