Атина се надева дека наскоро ќе се постигне договор за грчкиот дел од „Турски поток“

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и директорот на „Газпром“ Алексеј Милер се договорија за создавање работна група за гасоводот со кој руски гас би се пренесувал преку северна Грција до централна Европа.

Според грчките медиуми, Ципрас и Милер се договориле следните месеци да се работи на „насоки“ со кои ќе се прецизираат обврските на двете страни во врска со прокетот вреден неколку милијарди долари.

Извори од грчката Влада соопштија дека Атина се надева оти договорот ќе биде потпишан наскоро.

Милер по средбата со Ципрас изјави дека „Газпром“ може да привлече две милијарди евра за руско-европски конзорциум за изградба на гасовод во Грција кој би бил дел од „Турски поток“, додавајќи дека неколку европски компании веќе изразиле интерес за проектот.

Тој увери дека проектот ќе биде реализиран со строго почитување на европското законодавство.

„Газпром“ гарантира дека по изградбата на гасоводот од грчко-турската граница преку територијата на Грција ќе се транспортираат до 47 милијарди кубни метри гас годишно, информира Милер и додаде дека ваквиот обем ќе и даде на Грција можност да обезбеди доволно кредит да спроведе други програми во земјата.

Гасоводот „Турски поток“ е замислен како алтернатива на проектот „Јужен поток“, кој Русија во декември минатата година реши да го укине. Трасата на новиот гасовод по дното на Црно Море во поголем дел ќе се совпаѓа со трасата на „Јужен поток“ која претходно беше договорена.

На 1 декември 2014 година „Газпром“ и турската компанија „Боташ“ потпишаа меморандум за разбирање за изградба на морски гасовод од Русија до Турција преку Црното море со капацитет од 63 милијарди кубни метри годишно.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он