Атина демантира дека добила предлог-договор од кредиторите

Од:

Грчката Влада соопшти дека не добила предлог-договор од страна на кредиторите, ниту пак премиерот или други владини функционери имале контакти со претставници на доверителите, јави дописникот на МИА од Атина.

Европските лидери и шефот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) синоќа во Берлин одржаа вонреден состанок на кој разговараа за начините како да се избегне банкрот на Грција и се согласија да се интензивираат разговорите за судбината на земјата.

Според извори запознати со содржината на состанокот, целта на средбата била да се состави понуда која Грција може да ја разгледа во наредните денови.

Некои светски медиуми, од кои повеќето германски, денеска јавија дека до Атина е испратен нацрт-договор, кој всушност претставува конечен предлог од страна на кредиторите.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски