„Астон Мартин“ го исфрла моделот „Рапид С“

Од:

„Астон Мартин“ ја претстави новата засилена верзија на својот четворосед, моделот „Рапид С“

Единствената лимузина со четири врати од гамата на овој британски производител ја доби својата унапредена „С“ верзија. Во однос на стандардниот „Рапид“, надворешноста на автомобилот останува речиси непроменета, а единствената разлика се забележува на маската на ладилникот и на малиот заден спојлер.

Како опција, достапен е и пакетот опрема кај кој некои елеменети од каросеријата, како куќиштето за ретровизорот, предниот спојлер и задиниот дифузер, се изработени од јаглеродни влакна.

Во внатрешноста „Рапид С“ доби детали што се изведени во црн, висок сјај, додека седиштата, инструментите на таблата и внатрешноста на вратите се обложени со кожа во црвено-црна комбинација.

Доколку сакате „Рапид С“ може да се претвори во двосед, со соборување на задните седишта, со што, наведуваат од фабриката, се добива корисна запремнина од 900 литри.

Во дополнителната опрема спаѓаат и двата екрана од мултимедијалниот систем, што се вградени во предните седишта, и кои можат да ги користат патниците кои седат одзади.

Најважното подобрување на овој автомобил, заради што тој и ја доби ознаката „С“, сепак, се однесува на 5,9 литарскиот В12 мотор. Овој агрегат се засилен со 81 КС, така што сега развива 558 КС, максималниот обртен момент исто така е зголемен и, тоа за 20 Нм, и зинесува 620 Нм.

Благодарение на ова унапредување, „Астон Мартин Рапид С“ е во состојба од 0 до 100 километри да развие за 4,9 секунди, што е за 0,3 секунди побрзо отколку кај стандардниот модел.

Зголемена е и максималната брзина, од 302, 5 на 305,7 километри на час.

„Астон Мартин Рамид С“ ќе почне да се продава во февруари 2013 година а се очекува неговата почетнља цена да изнесува 180.000 евра.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска