АСОМ: Грижата за нашите играчи е наш приоритет, продолжува кампањата „Играј одговорно“

Од:

Со цел обезбедување на континуирана едукација и подигнување на свесноста за важноста на одговорното спортско обложување, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) продолжува со имплементација на кампањата „Играј одговорно“.

Кампањата која во првиот наврат беше одлично прифатена од играчите, продолжува во истиот дух за да обезбеди сеопфатна едукација за одговорно обложување.

Главен приоритет на оваа кампања е играчите во обложувалница да се едуцираат во насока дека спортското обложување треба да се гледа низ призмата на игра и забава, а не начин на заработка.

„Преку кампањата „Играј одговорно“ сакаме да посочиме дека играта во обложувалница во никој случај не треба да се гледа како потенцијален извор на приходи или егзистенција, туку како можност за рекреација, навивање за својот тим и уживање во спортот и адреналинот кој тој го носи. Со оваа кампања ние ги отсликуваме нашите заложби за безбедно спортско обложување, грижа за нашите играчи и посветеност кон заедницата во која делуваме.“-истакна Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

Во тек на кампањата на интерактивен начин ќе се пласираат главните пораки и совети кон играчите, кои укажуваат на тоа тие да не се обложуваат со средства кои не можат да си ги дозволат, да не се обидуваат да ја надоместат загубата, како и да си постават граница за пари и време кое ќе го посветат на спортско обложување.

Кампањата „Играј одговорно“ ќе се спроведува на терен, во објектите на спортските обложувалници на членките на АСОМ каде ќе бидат доставени едукативни и промотивни материјали, како и на официјалната веб и Facebook страница на АСОМ.

Оваа кампања е една од многуте активности преку кои АСОМ ја покажува својата општествена одговорност и промовира светски и современи стандарди во игрите на среќа во нашата земја.

ПР текст

Би можело да ве интересира

АСОМ: Остануваме конструктивен партнер за вистинска јавна дебата за игрите на среќа

АСОМ: Ќе дозволат ли народните избраници десетици илјади вработени да останат на улица

Катерина Ѓуровски

АСОМ: Примерот со Албанија ги потврди нашите апели – ограничувањето на легалните игри на среќа ја отвора вратата за игрите на црно

Катерина Ѓуровски

АСОМ: ЕУ го блокираше Законот за игри, Пендаровски ја препозна злоупотребата на ЕУ знаменцето

Горан Наумовски

Пендаровски се консултира со експерти за Законот за игри на среќа: Уште нема став дали ќе остане на изјавата дека нема да стави потпис

Александар Тодески

АСОМ: Ќе го оспориме процесот на носење на Законот за игри на среќа во целата постапка