Асоцијацијата за организација на настани незадоволна од петтиот пакет мерки

Од:

Членките на Асоцијацијата ИВАП кои се директно вклучени во организацијата на настани не се задоволни од петтиот пакет економски мерки што вчера го презентираше Владата.

Мерката 11 од овој пакет која е наменета токму за овој сектор, според Асоцијацијата, не е воопшто помош, ниту пак може да помогне во надминувањето на сегашната состојба во која се наоѓа оваа индустрија.

– Во мерката 11 која е наменета за нашиот сектор, се предвидени средства за организација на настани за реализација на проекти од исклучителен јавен и државен интерес, мерка што не претставува помош, туку реализација на програма и активности на Владата за 2021. Нејасно е кои се тие проекти од државен интерес, по кои критериуми ќе се одбираат проектите? Дали помош ќе добијат сите или само одбраните? За кој период се однесуваат?, прашуваат од Асоцијацијата.

Во денешната реакција, Асоцијацијата потсетува дека настаните биле први забранети како мерка за спречување на ширењето на пандемијата. Точно цела година, велат од Асоцијацијата, се соочуваме со предизвик како да опстанеме и да ги одржиме во живот нашите фирми.

– Во периодот што следи, ќе ги дефинираме нашите следни чекори и ставови и ќе реагираме соодветно се со цел да ја спасиме нашата индустрија, велат од Асоцијацијата.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата