АСО: Осигуреници од штети во првата половина од годинава наплатија 31,5 милиони евра, 20 отсто повеќе од лани

Од:

Компаниите за неживотно осигурување во првото полугодие годинава исплатиле 5,2 милиони евра повеќе штети на осигуреници во однос на истиот период лани. Раст на исплатите има кај трите големи групи класи: осигурување имот, осигурување моторни возила и останатите класи од неживотно осигурување, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Како што информираат од АСО, граѓани, компании и институции наплатија 1,94 милијарди денари (31,5 милиони евра) обесштетување за штети покриени со осигурителни полиси за неживотно осигурување во првите шест месеци годинава. Во споредба со истиот период минатата година износот на бруто исплатени штети (БИШ) кои осигурителите ги платиле на осигуреници е повисок за 319,5 милиони денари (5,2 милиони евра односно) односно 20 отсто.

-Во значајна мерка влијание врз растот на исплатените штети има зголемувањето на вкупната мобилност, како и активностите во сите општествени сфери. Тие се интензивираа по укинувањето на мерките и ограничувања кои, истиот период лани, беа на сила заради превенција од глобалната здравствена пандемија предизвика од вирусот COVID-19, велат од АСО.

Значаен раст на исплатените штети, додаваат, има кај осигурувањето имот.

-Во првите шест месеци годинава 11 осигурителни друштва за неживотно осигурување на своите осигуреници за штети на осигурен имот им исплатиле 292 милиони денари (4,75 милиони евра) што е за 18,5 отсто повеќе од истиот период минатата година. Кај осигурувањето од автомобилска одговорност (најзастапено осигурување задолжително со закон) износот на исплатени штети изнесува 1,04 милијарди денари (17 милиони евра). Во споредба со истиот период лани износот на исплатени штети е зголемен за 21 отсто односно 182 милиони денари (3 милиони евра), посочуваат од АСО.

Кај класата на доброволно автомобилско осигурување т.е. каско осигурување, додаваат, за овој период компаниите исплатиле штети во вредност од 224 милиони денари (3,6 милиони евра).

-Осигурителните друштва за останатите класи осигурување на своите осигуреници по пријавени штети им исплатиле 374 милиони денари (6,1 милиони евра) во првата половина годинава. Тоа е за 104,5 милиони денари (1,7 милиони евра) односно 38 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година, потенцираат од АСО.

Прецизираат дека од вкупно 11 компании за неживотно осигурување кај десет друштва се зголемени износите исплатени за надомест на штети. Најголем раст во овој период имаат: „Кроација осигурување – неживот“ со 64 отсто, „Халк осигурување“ со 61 отсто, „Уника“ со 42 отсто, “Евроинс осигурување“ и АДОР „Македонија“ со раст од 22 отсто и „Сава осигурување„ со раст од 17 отсто. Следува „Винер ВИГ“ со раст од 5 отсто па „Триглав Осигурување“, „Еуролинк Осигурување“ и „Граве неживот“ со по 4 отсто раст на износите на бруто исплатени штети.

-Најголемо учество во вкупниот износ на исплатени штети за првото полугодие имаат „Триглав осигурување“ со 243 милиони денари (3,95 милиони евра) „Халк Осигурување“ и „Евроинс Осигурување“ кои исплатиле по 222 милиони денари (3,6 милиони евра). По нив следуваат: „Сава Осигурување“ и „Уника“ со по 200 милиони денари (3,25 милиони евра), „Еуролинк осигурување“ со исплатени 191 милиони денари (3,1 милиони евра), АДОР „Македонија“ и „Винер ВИГ“ со по 164 милиони денари (2,67 милиони евра). „Кроација осигурување – неживот“ исплатила 138 милиони денари (2,2 милиони евра), „Осигурителна полиса“ 127милиони денари (2,1 милиони евра) и „Граве неживот“ 65 милиони денари (1,06 милиони евра), информираат од АСО.

Би можело да ве интересира

Македонските граѓани вложиле 87 милиони евра во осигурување на своите возила

Орце Костов

Граѓаните потрошиле 685.000 евра на патничко осигурување во јули, во зелен картон се вложени 2,8 милиони евра

Орце Костов

АСО: Вложувањата во неживотно осигурување надминаа 10 милијарди денари

Осигурениците наплатија 71 милион евра, осигурителните компании исплатија над 100 000 штети

Осигуреник наплатил 308.000 евра штета за осигуран имот

Ана Ололовска

АСО: Продажбата на полиси достигна 122 милиони евра, осигурувањето порасна за 18 отсто

Ана Ололовска