„Фискалната стратегија на министерството за финансии која го проектира долгот на државата до 2021 година е загрижувачка.
Владата на Заев и министерот Тевдовски до 2021 година според нивната фискална стратегија ќе го зголемат јавниот долг на неверојатни 6,1 милијарди евра.
Над 6,1 милијарда евра ќе биде долгот на граѓаните до крајот на мандатот на Владата на СДСМ.
Заев кога стана Премиер, а Тевдовски министер, долгот на државата беше 4.7 милијарди евра. Значи, за оваа и наредните две години Заев и Тевдовски ќе го зголемат долгот на државата за нови 1.5 милијарди евра.
Секое четиричлено семејство до крајот на мандатот на оваа криминална Влада ќе биде задолжено за близу 13.000 евра“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Целата катастрофа е уште поголема кога ќе се анализира вкупната состојба. Економијата тоне, државата се презадолжува, а капитални инвестиции нема. Според податоците на Министерството за финансии во првите четири месеци реализацијата е под 11%. Доколку расипничката и неспособна влада продолжи вака, капиталните расходи нема да се реализираат повеќе од 40% што е еднакво на огромна катастрофа. Тука се поставува прашањето каде одат милијардите со кои што се задолжуваат Заев и Тевдовски, а кои на крај ќе ги плаќаат граѓаните.
Картелот на Заев загрижувачки ја задолжува државата. Економијата тоне и е една голема нула во секој поглед, а во некои области бележи и минуси. Растот на БДП замислете само кај нас беше 0%, во време кога секоја економија на соседните држави бележи огромни порасти.
Само во првите 3 месеци од 2018 година картелот на Заев ја задолжи државата за над 300 милиони евра нето.
Економијата и бројките се загрижувачки. Република Македонија оди во пропаст. Граѓаните се уплашени и загрижени.
Картелот на Заев освен личниот интерес, не го интересира ништо друго.
Нема 500 евра просечна плата, нема повисоки пензии за пензионерите, нема 600 километри автопат, нема ниту 100.000 денари плата за докторите, нема нови студентски домови, нема никакви капитални инвестиции.
Ова лудило и расипништво мора да престане. Криминалниот картел мора да се разбие и да падне.
Затоа, сите заедно на 2 јуни во 20 часот, да им кажеме дека сме против погрешните политики на овој картел кој што владее со нашата држава“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.