Арсовска: Во 2019 нашиот фокус на 16+1 е во трансфер на знаења и технологии

Од:

Висока делегација на Сојузот на стопански комори (ССК) предводена од претседателот Данела Арсовска, традиционално и годинава учествува на 8. Самит и Економски форум на шефовите на Влади на Н.Р. Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Во рамки на Економскиот Форум на кој учествуваат над 1000 делегати, се остварија средби во насока на понатамошното проширување на соработката со Кина и земјите од Централна и Источна Европа, како дел од платформата 16 + 1 а во фокусот годинава е трансферот на знаења и технологии.

„Извоз, инфраструктура, иновации, инвестиции се во фокусот на годинешниот 16+1 Економски Форум на тема Градење на нови мостови преку отвореност, иновација и партнерство. Секоја година од отпочнувањето, Сојузот е вклучен во иницијативите на НР Кина за зголемување на деловната соработка, со посебен акцент на промовирање на кинескиот мега проект „Еден појас, еден пат” за инфраструктурно и економско поврзување на Азија, Европа, Африка и Блискиот Исток. Годинава, особен акцент е ставен на иновациите како глаболен тренд кои ја зголемуваат конкурентноста и генерира раст во сите сектори на стопанството и се еден од најважните двигатели на економски развој во современите економии. Одржливиот економски раст во голема мера зависи од степенот на инвестиции во технологии, истражување и иновации. Пред две години во Унгарија остваривме успех со потпишување на 7 договори за трговски партнерства со НР Кина, а минатата година во Бугарија ја воспоставивме билатералната платформа за зајакнување на соработката помеѓу компаниите од двете земји, за зголемување на трговијата и заедничките вложувања на нашиот пазар. Годинава, потпишуваме договор за дополнително зајакнување на добро воспоставените деловни релации и склучување нови партнерства, преку трансфер на знаења и технологии“, изјави Арсовска и додаде дека пред нас е можноста од прва рака да се добијат информации за вклучување во проектите кои годинава ќе бидат во фокусот со оглед на тоа што секој Самит резултира со прецизни насоки кои поставуваат конкретни цели за следната година.

Економскиот форум и индивидуалните состаноци со претставниците од Н.Р. Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа годинава е во организација на хрватското Министерство за економија, претприемништво и занаетчиство. Претседателот на ССК, е потписник на единствениот договор на Балканот за економска соработка со Кина со што за македонските компании е отворен пат за директен пристап на најголемиот азиски пазар.

Нашата вкупна трговска размена со Н.Р. Кина во 2018 година изнесува речиси 500 милиони евра, остварен е извоз од околу 56 милиони евра, а увоз од скоро 440 милиони евра. Во 2017 година, трговската размена била 448 милиони евра, со остварен извоз од околу 55 милиони евра и увоз од 392 милиони евра. Во следната година потребно е активно да се делува кон намалување на трговскиот дефицит преку имплементација на склучените актуелни трговски договори.

Согласно анализите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) кинеските инвестиции во регионот растат, а се очекува и нивно дополнително зголемување во наредните години. Како што се наведува, порастот почнал по првиот регионален самит во 2015 година, кога челниците на Кина со лидерите на земјите од регионот договорија зајакнување на економските врски. Според податоците на ММФ, најмногу кинески инвестиции се реализирани во Србија, со вкупна вредност од 2,6 милијарди евра, а потоа во БиХ – 2,1 милијарди.

Соработката на Народна Република Кина со земјите од Источна и Централна Европа започна во Будимпешта, а продолжи на состаноците во Варшава во април 2012 година, Букурешт Романија (2013); Белград, Србија (2014); Суџоу, Кина (2015), Рига, Латвија (2016), Будимпешта, Унгарија (2017), Софија, Бугарија (2018).

Би можело да ве интересира

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар

Ана Ололовска

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Сојузот на стопански комори 18 години репрезентативен глас на македонскиот бизнис

Ана Ололовска