Арсовска: Владеењето на правото треба да е над политиката

Од:

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска по најавата дека изборите се договорени на 15 јули, порача дека економијата и функционирањето на институциите во континуираните изборни циклуси се во сенка на политичките кампањи.

„Изборите секогаш негативно се одразуваат врз економијата, приватниот сектор е во застој поради стагнација на инвестицискиот циклус.

Честите изборни циклуси во Македонија се веќе пракса, проследени со неизвесност, силна политичка поларизација и интереси далеку од консензусот за клучните прашања важни за економски напредок. На приватниот сектор и граѓаните им е потребна стабилност, предвидливост и владеење на правото кои треба да се над политиката.

Ветувањата во предизборен период најчесто се за проекти кои со оглед на кризата нема да ги подобрат состојбите на претприемачите, малите и средни претпријатија кои се столбот на националната економија. Сега им е потребна итна и безрезервна поддршка со квалитетни економски мерки за спас, за да опстанат“, изјави Арсовска.

Таа додаде дека приоритет треба да биде стимул и поддршка на економската активност на приватниот сектор, со оглед на тоа што земјата веќе е во рецесија и негативните последици ќе се прелеа и во 2021 година.

Македонските мали и средни претпријатија кои претставуваат повеќе од 99 отсто од регистрираните активни претпријатија, имаат клучна улога во функционирањето на националната економија. Тие со 65 отсто учество во бруто домашниот производ доминираат пред другите субјекти, обезбедуваат повеќе од 80 отсто од работните места во приватниот сектор и се столбот на македонската економија.

Сојузот на стопански комори на Македонија кој застапува над 24.000 претпријатија преку 35 комори и организации, уште на самиот почеток на здравственaта криза предизвикана од Ковид 19, ги истакна приоритетите кои треба да бидат во фокус за надминување на последиците од пандемијата и тоа зачувување на здравјето на граѓаните, задржување на работните места и креирање на економски мерки за поддршка на реалната економија за да не се дозволи ниту една компанија да затвори.

Би можело да ве интересира

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар

Ана Ололовска

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Сојузот на стопански комори 18 години репрезентативен глас на македонскиот бизнис

Ана Ололовска