Арсовска од самитот во Софија: Обединет регионален пазар е наша иднина

Од:

Спроведување на економските реформи за привлекување инвестиции, поддршка за проекти кои ќе ја подобрат транспортната и енергетската инфраструктура, можности за зголемување на средствата од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Западен Балкан, обединување на земјите од регионот, поголема соработка меѓу владите и стопанствениците како и заеднички инвестиции во функција на раст и стабилност е фокусот на економскит сегмент на Самитот ЕУ Западен Балкан Софија 2018, рече претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска која во своето обраќање нa отворањето на Виенскиот економски форум вчера вечер ја истакна важноста од спроведувањето на економските реформи во Република Македонија во процесот на приближување до Европската Унија. Економскиот форум продолжува и денес со учество на премиерите на државите од Западен Балкан.

„Спроведувањето на економските реформи во земјата со приоритет на регулаторната реформа, реформи на енергетскиот и транспортниот пазар, намалување на неформалната економија и функционирањето на пазарот како и доследност на политиките, владеење на правото за привлекување и задржување на инвеститорите се приритетите кои значат заедничка работа на сите важни чинители во општеството како клучни за постигнување економски раст, конкурентност и подобар животен стандард. Потребно е искористување на достапните фондови за да изградиме силна економска мрежа со земјите од Западен Блакан, како обединет пазар кој ќе го зајакне регионот и ќе го приближи до ЕУ“, изјави Арсовска.

Европската Унија во консултација со земјите од Западен Балкан ја усвои декларацијата од 17 точки на самитот на ЕУ-Западен Балкан. Во согласност со документот, ЕУ и на овој самит ја потврди поддршката за европската перспектива на Западен Балкан и изрази одлучност да ја зајакне својата вклученост на сите нивоа за да ја поддржи политичката, економската и социјалната трансформација на регионот. Меѓу другото, во декларацијата се вели дека ЕУ се обврзува значително да ја поттикне поврзаноста во транспортната, енергетската, дигиталната и економската сфера, а се додава и дека ЕУ се согласува да промовира поволна пазарна и инвестициска средина во Западен Балкан за тој побргу да се придвижи кон дигиталната економија и кон одржливите општества што ги почитуваат одредбите за климата во согласност со парискиот договор.

Претседателот на Сојузот Арсовска, ја предводи бизнис делегацијата на Република Македонија која е најголема од земјите од Западен Балкан, со традиционално учество на Самитот ЕУ – Западен Балкан. Таа е специјален гостин на Виенскиот економски форум под покровителство на бугарското претседателство на Советот на Европската Унија.

Самитот е еден од клучните настани за време на Бугарското претседателство со Советот на Европската унија, кој ги поврзува сите 28 шефови на држави или влади на ЕУ со премиерите на Западен Балкан. Целта на Виенскиот економски форум е да изгради мост помеѓу бугарското претседателство на Советот на ЕУ и следното австриско претседателство со Европскиот совет.

Би можело да ве интересира

Има интерес за инвестиции во електрани на обновливи извори, државата да создаде услови за реализација

Ана Ололовска

Стопанската комора бара веднаш да продолжи соработката со новата Влада

Ана Ололовска

КИФ со заеднички иницијативи за борба против корона кризата

Ана Ололовска

Јовановски: Се зголемува поддршката од компаниите за пошироката заедница

А1он

Деведесет и осум години СКМ, определба на бизнисот е извозот, регионалната соработка, инвестициите и одржливиот раст

Ана Ололовска

Попривлечни работни места како еден од условите да се спречи одливот на квалификуван кадар

Ана Ололовска