Арсовска од самитот во Софија: Новата економска платформа ќе ги поврзе бизнисите на Македонија и Кина

Од:

Во присуство на над 1000 делегати од НР Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) во рамки на Економскиот форум на 7. Самит на шефовите на Влади на Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) го презентираше проектот за новата економска платформа за Кинеските инвеститори кои планираат влез на европскиот пазар преку која ќе се зајакне трговијата и соработката меѓу бизнисите од Македонија и НР Кина.

„Нашата земја е добро стратешки геопозиционирана, што претставува одлична можност за избор на Македонија за отворање на еден од центрите за транзит и дистрибуција на производите од НР Кина кон регионалниот но и кон западно европските пазари. Воспоставување на платформата за зајакнување на соработката помеѓу компаниите од Македонија и НР Кина, ќе значи можност за зголемување на трговијата и заеднички вложувања на нашиот пазар“, изјави Данела Арсовска и додаде дека над 20.000 компании од Македонија ќе имаат бенефит од приклучување кон платформата. Со активностите на Сојузот за зголемување на бизнис соработката со НР Кина, со посебен акцент на промовирање на кинескиот мега проект „Еден појас, еден пат” за инфраструктурно и економско поврзување на Азија, Европа, Африка и Блискиот Исток, дава силен мотив за успешна реализација на проектот.

Потпретседателите Габриела Кулебанова и Александар Милошевски, како и претседателот на градежната комора Ивица Јаќимовски остварија директни значајни средби во рамки на Самитот со платформата која се очекува да поврзе над 20.000 македонски компании со кинески инвеститори.

Минатата година во Унгарија ССК оствари успех со потпишување на 7 договори за трговски партнерства меѓу Република Македонија и НР Кина. Претседателот на ССК, е потписник на единствениот договор на балканот за економска соработка со Кина со што за македонските компании се отвори пат за директен пристап на најголемиот азиски пазар. На годинешниот деловен форум ставен е акцент на следните сектори: Високи технологии, инвестиции, индустриско партнерство, заедничко вложување, инфраструктура (вклучувајќи и транспортна и патна инфраструктура, енергетика), земјоделство и туризам.

Во 2017 и во 2016 година по однос на вкупната надворешно-трговска размена, НР Кина е 7. трговски партнер на Република Македонија. Вкупната трговска размена минатата година според официјалните статистички податоци изнесувала, 506 милиони американски долари. При тоа, остварен е извоз во вредност од 62,2 милиони долари, а увоз од 444,0 милиони американски долари. Во 2016 година, вкупната трговска размена изнесувала, 469 милиони американски долари, со остварен извоз во вредност од 47,8 милиони долари, а увоз од 421,2 милиони американски долари.

Би можело да ве интересира

Има интерес за инвестиции во електрани на обновливи извори, државата да создаде услови за реализација

Ана Ололовска

Стопанската комора бара веднаш да продолжи соработката со новата Влада

Ана Ололовска

КИФ со заеднички иницијативи за борба против корона кризата

Ана Ололовска

Јовановски: Се зголемува поддршката од компаниите за пошироката заедница

А1он

Деведесет и осум години СКМ, определба на бизнисот е извозот, регионалната соработка, инвестициите и одржливиот раст

Ана Ололовска

Попривлечни работни места како еден од условите да се спречи одливот на квалификуван кадар

Ана Ололовска