Арно Монтебур: Европа треба да направи како Јапонија

Од:

Францускиот министер за индустриски развој Арно Монтебур смета дека еврото е прескапо и истовремено упати остра критика против Европската централна банка (ЕЦБ).

– Европа треба да направи како Јапонија. Како што сега стојат работите, еврото е преценето и се заканува на економскиот раст во Европа. Централната банка е премногу пасивна, истакна Монтебур во интервјуза Шведското радио.

Францускиот министер смета дека државата треба да ја управува економијата и вели дека еврото треба да соодветствува на доларот, токму како што беше на почетокот.

Решение за намалување на девизниот курс, според Монтебур, е да се отпечатат и пуштат во оптек повеќе евро-банкноти во Европа. Притоа, тој ги отфрла контрааргументите за закана од пораст на инфлацијата.

– Да, од едноставна причина дека не постои некаков притисок во економиите денес, вели министерот Монтебур.

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето