Финансиските директори на швајцарски фирми и понатаму се песимисти, па дури 41 отсто од нив ги оценуваат економските перспективи на Швајцарија во следните 12 месеци како лоши.
Истовремено, четвртина од нив сметаат дека државата ќе се соочи со успорување на економијата во следните две години, се вели во резултати на анкета на консултатската куќа Дилојт.
Главниот економист во Дилојт, Мајкл Гремп смета дека оваа година ќе биде тешка за швајцарската економија, но најверојатно остра рецесија ќе биде избегната.
Анкетата објавена во вториот квартал од оваа година дава сепак нешто подобри резултати во однос на претходноте истражување за првиот квартал од 2015 година кога 60 отсто анкетирани изјавиле дека очекуваат послаби економски ективности во следните 365 дена.
Перспективите на компаниите остануваат и понатаму негативни, па мнозинство анкетирани директори (53 отсто) очекуваат пад на приходите во оваа година додека намалување на оперативните маржи очекуваат 73 отсто.
Како што се наведува, швајцарските компании се уште трпат последици од напуштањето на фиксниот курс на франкот спрема еврото и зголемената вредност на домашната валута.
Поради тоа, 75 отсто анкетирани сметаат дека постои висока несигурснот во економското и финансиско окружување. Последично, компаниите во иднина парите ќе ги трошат многу повнимателно, предвидувајќи намалување инвестиции и трошоци за работа. Дури 82 отсто анкетирани финансиски директори планираат намалување на вработените во следниот период.