Анѓушев: Завршена електронската аукција за фотоволтаици со вкупна моќност до 19 мегавати

Од:

Завршена е електронската аукција за доделување државно земјиште за изградба на фотоволтаични електрани со вкупна инсталирана моќност до 19 мегавати со што се очекува во буџетот да се слеат над два ипол милиони евра, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

За денеска, како што најави, планирана е електронска аукција за една 10 мегаватна и три електрани од по еден мегават.

– Тендерската постапка покажа дека компаниите не само што не бараа премиум, што значи дека државата тоа ќе ја чини нула премиуми во иднина, туку се натпреваруваат да дадат повеќе пари, рече Анѓушев, додавајќи дека досега државата за ова на годишно ниво трошела над милиони евра за субвенции.

Во обраќањето на денешната презентација на Стратегијата за енергетика до 2040 година, Анѓушев потсети дека вчера е потпишан и договор за „Осломеј“ за 10 мегаватна фотоволтаична електрана чиј инвеститор е Електрани на Северна Македонија. Договорот е потпишан на седум милиони евра што е пониска цена во однос на планираните 8,7 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции

Божиновска: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација

Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика

Катерина Ѓуровски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

A1on

Граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја: Конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач би им донела пониски сметки

А1он