Анѓушев: Не сум оптимист дека ОХИС може повторно да проработи

Од:

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев не е оптимист дека загубарот ОХИС може повторно да проработи и да се спроведе успешна стечајна постапка како во ФЕНИ индустри.

-Како институции и држава треба да сме горди што успеавме да го спасиме ФЕНИ, но меѓу него и ОХИС има и сличности и разлики. Слично е што припаѓаат на процесната индустрија каде ако запре процесот тешко продолжува. Она што е различно што во ФЕНИ процесот не запре, односно и кога беше распишана стечајната постапката доверителите, пред се банките, го финансираа да го одржи своето производство и понатаму. ОХИС, пак, е многу години затворен и не сум оптимист дека може повторно да проработи со капацитетот и на начинот како што работел во времето на поранешна Југославија, рече Анѓушев во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана