Анѓушев не посочи на кој датум во февруари ќе стартува „Фени“, велат од Владата

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев во изјавата не го определи конкретниот датум на повторно започнување со работа на комбинатот „Фени“, на начин како што беше наведено во дел од медиумите, реагира Кабинетот на вицепремиерот.

„Во правец на точно и јасно информирање на јавноста, посочуваме дека заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, на поставеното прашање кое се однесува на повторно започнување со работа на комбинатот „Фени“, односно дали истиот повторно ќе започне со работа во февруари оваа година, посочи дека согласно информациите со кои тој располага, е дека започнувањето со работа на „Фени“ би било во февруари, при кое нешто не го определи конкретниот датум, на начин како што беше наведено во дел од медиумите“, соопштуваат од Кабинетот на Анѓушев.

„Истовремено, потенцираме дека постапката е во надлежност на судската власт, како и во согласност со одлуките на Одборот на доверители и ќе продолжи да се спроведува и понатака. Напоменуваме дека за целосно рестартирање на работата на комбинатот ‘Фени’ ќе биде потребно дополнително време за обезбедување и снабдување со суровини (руда) и останати репро материјали“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он