Анѓушев-Ликсиан: Економската соработка помеѓу Македонија и Кина има неограничен потенцијал

Од:

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска се сретна со aмбасадорката на Народна Република Кина Јин Ликсиан, со која разговараа за економската соработка помеѓу двете земји, при што констатираа добро ниво и потенцијал за понатамошно интензивирање на соработката, соопштија од Кабинетот на вицепремиерот.

Анџушев на средбата истакнал дека Народна Република Кина е земја со најголем номинален бруто домашен производ во светот, една од најголемите и најбрзо растечките економии и потенцијалот за меѓусебна соработка е огромен.

– Радува податокот дека извозот од Република Македонија кон Кина е речиси двојно зголемен изминатава година, со што е намален трговскиот дефицит, но, тој се уште е висок. Како мала економија ќе продолжиме да наоѓаме решенија, производите и услугите на македонските компани да се пласираат на кинескиот пазар, кој е со неограничен потенцијал за соработка, истакнал вицепремиерот Анѓушев.

Тема на разговор биле и двете делници на автопатишта кои ги изведува кинеската компанија Синохидро и се финансирани со заемот од кинеската Ексим банка.

– Инфраструктурните проекти се од особена важност за унапредување на конкурентноста на македонските компании и Владата ќе се посвети на реализација на вакви проекти. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и на Кичево-Охрид, се надминаа проблемите и изнајдовме компромисно решение што ќе овозможи продолжување и комплетирање на започнатите работи, потенцирал Анѓушев на средбата.

Делниците, додал тој, се важни за компаниите во источниот и западниот дел на Македонија заради поквалитетен, побрз и побезбеден транспорт на луѓе и стоки. Компаниите, смета Анѓушев, ќе бидат поконкурентни, со што ќе се придонесе до локален и регионален економски развој, но и раст на економијата на државата.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов